Каролина и Аца Лукас за Богородица во Крива Паланка

Каролина и Аца Лукас за Богородица во Крива Паланка

пред 2 години

Српскиот пејач Аца Лукас на 28 -ми август ќе одржи концерт на плоштадот во Крива Паланка, во рамки на фестивалот „Џој фест“. Има две фестивалски вечери во првата на 27 -ми концерт ќе одржи македонската поп пејачка Каролина Гочева, Бени и Нон Стоп и Брас Брадарс.

dobivaj vesti na viber

На 28 -ми покрај Аца Лукас, настапи ќе имаат Црвена Јабука и Дј Гоце.

На програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″ за во среда е закажан настанот „Уметност и музика “, со изложба на цртежи и акрили од Владимир Величковски и концерт на бенд „Триплет”. Настанот ќе се одржи на платото пред Градски музеј Крива Паланка, кој е организатор со Центарот за аудиовизуелни уметности Крива Паланка, со поддршка на Европската куќа од градот.

Во организација на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, во петок, (ќе се одржи традиционалната поетска манифестација “Лирски треперења”.

Share
Scroll to Top