Кејт Мидлтон колабирала поради Вилијам

Кејт Мидлтон колабирала поради Вилијам

пред 4 години

Војвотката Кејт Мидлтон колабирала поради нејзиниот сопруг Вилијам, пренесуваат британските медиуми. Близок извор од палатата открива дека Кејт, поради сето тоа што се случило во изминатиот период со Вилијам и заразата со опасниот вирус, во целост изгубила контрола, постојано плачела, а на крајот колабирала.

Пред неколку дена светот ја обиколи веста, за тоа дека британскиот престолонаследник, втор по редот за британската круна, 38-годишниот принц Вилијам во април оваа година го преболел Kовид-19. Информацијата, како што пренесуваат светските медиуми, принцот ја криел.

Тој ја држел далеку од очите на јавноста со цел да не предизвика паника, со оглед на тоа што во тој период голем дел од луѓето, вклучително и неговиот татко, 71-годишниот принц Чарлс, па и британскиот премиер, Борис Џонсон, биле заразени со коронавирус.

Откако јавноста ја дозна вистината, медиумите почнале да изнесуваат разни информации за тој период, а последните особено ја погодиле 39-годишната војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која, наводно, поради сето тоа, колабирала.

Магазинот New Idea пренесува дека таа била надвор од себе и поради информациите дека нејзиниот сопруг е заразен со вирусот, кој, за жал, однесе многу животи, таа кулиминирала во моментот кога му се доверила на близок пријател на Вилијам за здравјето на нејзиниот сопруг.

Истиот извор открива дека Кејт барала и инсистирала од Вилијам да признае во јавноста дека е заразен. Двојката наводно во изминатите неколку месеци често се расправале околу тоа, а пред неколку недели Кејт одлучила повеќе да не молчи и ги прекршила некои од кралските правила.

Кејт, која е позната по тоа што ги почитува кралските правила, имала жестока расправа со сопругот и на крајот го убедила да ѝ признае на јавноста дека е заразен со Ковид-19.

Извор близок до палатата, неодамна за британски „Сан“ откри како вирусот влијаел врз животот на Вилијам.

„Вирусот го удри прилично силно. Беше на почетокот шокиран, затоа што е млад и беше во форма, а истовремено беше во фаза кога се мачеше и имаше потешкотии со дишењето. Тоа беше причина за голема паника во семејството“, откри изворот.

Share
Scroll to Top