Глумицата Кејти Холмс (42), која во мај ја раскина врската со девет години помладиот дечко, готвачот Емилио Витоло, почнала љубовна врска со францускиот банкар Оливие Саркози, пишува Woman’s Day. Оливие и Кејт се гледаат неколку недели, во Њујорк, и романсата е на почетокот, но таа делува заљубена и среќна, пишува американскиот магазин и додава дека Кејти упорно сака да најде нов маж.
„Никој не е сигурен до каде ќе стигне ова, за сега тие се забавуваат, ништо официјално. Сите нејзини пријатели се обидуваат да имаат мали очекувања“, рекол извор близок до глумицата.
Саркози во Америка е познат како поранешен маж на актерката Мери-Кејт Олсен. Тие се разведоа во јануари, но оттогаш Оливие неколју пати дошол во Њујорк, каде што се запознал со Кејти.
„Таа бара сопруг, па затоа можеби ѝ се допаѓа некој како Оливие, откако се посрамоти со Емилио Витоло. Веќе се обидува да научи француски јазик и да прочита повеќе меѓународни весници за да дознае повеќе за идниот партнер, кој, верувајте, е многу поромантичен од неа“, рекол истиот извор.