Благодарение на кинески проект во иднина би можел летот од Пекинг до Њујорк да трае само еден час, а станува збор за лет со ракета дизајнирана за вселенски туризам.
Кинеската компанија Space Transportation развива вселенски авион дизајниран за вселенски туризам, но и за неверојатно брз транспорт на патници. Се работи за концепт сличен како на компанијата SpaceX од 2017 година.
Според пишувањето на магазинот Space, овој вселенски авион би можел да овозможи суборбитален лет меѓу кои било две локации на земјата, а тестирањето со екипаж може да почне од 2025 година.
Видео презентацијата на страницата на Space Transportation прикажува како патници влегуваат во авион кој потоа се одвојува од крилата и лета низ суборбиталната вселена. Крилата безбедно се враќаат на Земјата, додека вселенскиот авион продолжува кон зададената дестинација. По пристигнувањето се врши вертикално слетување, слично на она кое го користи ракетата Falcon 9 на SpaceX.
Од споменатата компанија изјавија дека развиваат ракета за брз транспорт, истата ќе чини помалку од ракетите кои носат сателити во вселената, а ќе биде побрза во однос на традиционалните авиони.
Наведено е дека авионот ќе лета со брзина од 4.184 км/час што значи дека ќе биде двојно побрз од Concorde и во теорија би можел од Њујорк до Лондон да стигне за еден час.
Тестирањата ќе бидат извршени во 2023 година, а во 2024 година првиот тест лет. Ако оди според планот, првиот тест со екипаж би се очекувал во 2025 година.