Кинези направија ласерско пенкало кое пишува по воздух

Кинези направија ласерско пенкало кое пишува по воздух

пред 4 години

Кинески научници од Лабораторијата Хунгтуо во Вухан направија ласерско пенкало за кое тврдат дека може да се пишува по воздух. Ова, велат научниците е голем чекор напред во развојот на холограми.

dobivaj vesti na viber

Пенкалото користи многу кратки ласерски пулсирања за да ги отстрани електроните од молекулите во воздухот и да ги претвори во плазма која емитува светлина, а сето тоа овозможува напишаните зборови да се појават во воздухот.

Водителот на истражувањето, Цао Џиангдонг, за кинеските медиуми истакна дека за цртање со ова пенкало не се потребни ниту хартија, ни плоча, ни екран. Тој појасни дека ова пенкало користи пулсирања од само неколку фемтосекунди (еден квадрилионити дел од секундата), на кои им се потребни милион мегавати енергија. Но, бидејќи тие пулсирања се кратки, потрошувачката на енергија и не е толку голема, а ласерското пенкало може безбедно да се користи.

Share
Scroll to Top