Додека голем дел од светот се бори со екстремно високите летни температури, еден кинески блогер привлече огромно внимание на социјалните мрежи со необично решение за разладување на својот домашен миленик.
На видеото што брзо стана вирално, може да се види како блогерот поставува клима-уред на куќарката на своето куче, со цел и миленикот да има пријатна температура за време на жешките денови.
Објавата, која е дподелена на платформата X, за кратко време собра илјадници реакции и коментари. Дел од корисниците го пофалија сопственикот за грижата и љубовта кон животното, оценувајќи дека станува збор за креативно решение во услови на рекордни горештини.
Од друга страна, имаше и такви кои сметаат дека ваквиот потег е претеран и дека постојат поедноставни начини милениците да се заштитат од високите температури.
Видеото повторно ја отвори дебатата за тоа колку далеку се подготвени да одат сопствениците за удобноста на своите миленици, особено во период кога топлотните бранови погодуваат голем дел од светот.
Без разлика на различните мислења, едно е сигурно – ова необично решение предизвика огромен интерес и за кратко време стана хит на интернет.






