Кино со автомобили во Охрид со проекции на македонски филмови

Кино со автомобили во Охрид со проекции на македонски филмови

пред 2 години

Во Охрид на 20 и 21 август ќе се одржат филмски проекции кои може да се следат од автомобил. Во организација на „Културолошката иницијатива 5 до 12“ ќе се одржи „Drive in cinema“ со проекции на македонски филмови во двете вечери.

dobivaj vesti na viber

За на 20 август е најавена проекцијата на „Мирно лето“ – првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, додека за на 21 август е најавена проекција на „Тетовирање“ во режија на Столе Попов.

Влезот за филмските проекции ќе биде отворен од 19 часот и 30 минути, додека филмовите ќе започнат во 21 часот, а по почетокот на проекциите нема да биде дозволен влез. Локацијата е Касарна Охрид.

Авторските права за филмовите се обезбедени од Кинотека на Македонија, а билетите за филмските проекции се достапни во кафулето „Шила“, по цела од 500 денари од автомобил.

Share
Scroll to Top