Кире Лазаров и Тимур Дибиров номинирани за најдобри ракометари на деценијата

Кире Лазаров и Тимур Дибиров номинирани за најдобри ракометари на деценијата

пред 3 години

„Хендбол планет“ ги номинираше Кире Лазаров и Тимур Дибиров за најдобри ракометари во изминатата деценија. Ракометарот на „Нант“ е номиниран за позицијата десен бек, а играчот на „Вардар“ е номиниран во категоријата лево крило, заради одличните настапи и резултати што ги остварија помеѓу 2011 и 2020 година.

Кире за најдобар десен бек на светот е номиниран заедно со некогашниот ракометар на „Вардар“, Алекс Душебаев и со пензионираниот унгарски играч, Ласло Наѓи. За Лазаров може да се гласа на следниот ЛИНК.

„Горд сум што ме номинираа за најдобар играч. Навистина сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваа во кариерата, на тренерите, соиграчите, на фановите“, напиша рускиот ракометар на „Инстаграм“.

Освен Тимур, за неговата позиција се номинирани уште двајца ракометари, Германецот Уве Гелсхајмер кој сезонава игра во „Рајн Некар Ловен“ и исландскиот ракометар Гудјон Валур Сигурдсон, кој е во пензија. За Тумур може да се гласа на следниот ЛИНК.

Share
Scroll to Top