Концерт во чест на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“

Концерт во чест на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“

пред 2 години

Вечерва во рамките на Охридско лето, ќе се одржи концерт посветен на маестро Александар Џамбазов на сцената на Долни Сарај со почеток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Концертот насловен „Музиката на Александар Џамбазов“ ќе биде под диригентска палка на Љупчо Мирковски, а како солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан мирковски, сопран Наде Талевска и тенор Ѓорѓи Цуцковски кои заедно со Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски ќе изведат познати композиции на Џамбазов.

Маестро Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава.

 Со вечерашниот концерт се заокружува музичката програма на годинешното 62. издание на „Охридско лето“, а фестивалот свечено ќе биде затворен утревечер со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија.

Share
Scroll to Top