Концерт на култните „Црвена јабука“ во Скопје

Концерт на култните „Црвена јабука“ во Скопје

пред 1 година

Бендот „Црвена јабука“ ќе одржи голем концерт во Скопје на 10 октомври во Спортскиот центар „Јане Сандански“.  По лето исполнето со фантастични концерти во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина и турнеја во Австралија, поп-рок легендите за помалку од месец подготвуваат вистински спектакал во Скопје.

Најубавата арена во главниот на 10 октомври ќе се движи во рокенрол звуците на „Тамо где љубав почиње“, „Некако с прољеча“, „За све ове години“, „Нека нова јутра“ и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Влезниците за најголемиот рок концерт оваа есен се пуштени во продажба низ продажните места во мрежата на ticket ширум државата и онлајн на ticket.mk. За дополнителни информации и резервации може да нѐ контактирате на 071-224/937; 078-666/676 или на 078-209/586.

Концертот е во организација на Вајб Продукција.

 

 

Share
Scroll to Top