Најстарата од сестрите Кардашијан, Кортни, откри дека го скршила свршенечкиот престен. Нејзиниот дечко Тревис Баркер кој платил милион евра за него одма го однел на поправка.
Ова во новата епизода во серијата „Кардашијан“ го откри нејзината мајка Крис Џенер, која рече дека таа повеќе не го носи прстенот и дека тој е однесен на поправка. Кортни потоа објасни што се случило.
„Веројатно една од најлошите работи кои некогаш сум ги направила во мојот живот. Седев на подот и ги диплев тренерките. Ги симнав прстенот и го ставив покрај мене на подот. Мислев дека ќе биде сигурен. Потоа морав нешто да подигнам горе од плакарот, а кога се симнував, згазнав на него. Плачев со часови, а потоа го побарав Тревис. Му реков дека направив нешто многу лошо“, рече Кортни и додаде дека Тревис тоа мирно го прифатил и покрај тоа што прстенот бил специјално дизајниран за неа.
„Тоа ми предизвика нервен слом. Баш мислев дека ова е нешто најубаво нешто што сум го имала во животот и не знаев како можев да направам вакво нешто“, рече Кортни.