Кралицата Елизабета бара работник за плата од 26.000 евра годишно. Таа е во потрага по квалитетни работници кои ќе се грижат за нејзината и безбедноста на нејзиното семејство.
Огласот беше објавен по упадот на вооруженото момче во замокот Виндзор. Истиот беше објавен на официјалната веб-страница на кралското семејство „Royal Household“. Од палатата се подготвени да издвојат 26.800 евра годишна плата.
Лицето ќе работи 38 часа и сите 7 дена во неделата.
„Како службеник за безбедност, вашата улога ќе биде да го поддржувате тимот во правењето на палатата Кенсингтон сигурно и безбедно место за работа и посета. Задачите ќе ги вклучуваат традиционалните елементи на контрола на пристап, патролирање, водење евиденција за смени, следење на видеонадзорот, следење на безбедносните системи, отворање и затворање на имотот и подготвеност да им помогнете на нашите посетители на кој било начин да уживаат во незаборавно искуство. Бидејќи тоа е улога на поддршка, вашата шема на смена понекогаш може да биде ад хок и ќе вклучува и дневна и ноќна работа во седумдневна ротација“, пишува во огласот.
„Ова е фантастична можност да станете дел од 300-годишната историја на Кенсингтонската палата и да ни помогнете да ги оживееме нашите фасцинантни приказни за сите наши гости, секој ден“, пишува во огласот за вработување.
ТУКА можете да најдете повеќе детали за огласот за работа.