Кралот Чарлс на крунисувањето ќе носи златни облеки тешки неколку килограми

Кралот Чарлс на крунисувањето ќе носи златни облеки тешки неколку килограми

пред 2 години

Кралот Чарлс Трети на денот на крунисувањето ќе носи тешки златни облеки налик на свештеничките.

На кралот ќе се става слој по слој блескави одежди, од кои некои биле создадени за прадедо му Џорџ Петти за време на службата во Вестминстерската катедрала. Во облекувањето на кралот ќе му помага принцот Вилијам.

Чарлс ќе носи долг капут наречен супертуника, кој тежи околу два килограма. Направен е во 1911 година од златна ткаенина и извезен со стилизирани арабески и цветни мотиви.

Врз капутот ќе носи и долга наметка од 1821 година наречена царска мантија, која тежи 3-4 килограми. И таа е направена од златна ткаенина.

Покрај целата тежина на церемонијалните облеки, на главата ќе има круна од 2,23 килограми.

Место да се прават нови, Чарлс одлучил да ги искористи појасот за мечот и ракавицата што ги носел дедо му Џорџ Шести.

Share
Scroll to Top