Првпат репрезентацијата на Данска го повика Кристијан Ериксен (30) назад, откако фудбалерот доживеа срцев удар на Европското првенство во ланскиот јуни. На крајот на месецот, земјата ќе игра пријателски средби со Холандија и Србија.
На Ериксен му беше беше вграден кардиовертер дефибрилатор, своевиден пејсмејкер, откако колабираше на натпреварот со Финска.
Тој во јануари потпиша за англискиот премиерлигаш Брентфорд, а веќе на 26 февруари се врати на терените, каде доби стоечки овации кога влезе во игра на мечот со Њукасл, а потоа одигра 90 минути против Норич и Барнли.
Ериксен претходно играше за Тотенхем каде помина седум сезони, а во 2020 премина во Интер. Но бидејќи мораше да го напушти клубот, тренираше со својот бивш клуб Оденсе со цел да си ја обнови кариерата за да може да игра на Светското првенство во Катар.