Лазаров и Мукаетов создадоа нов клуб за да им дадат шанса на младите ракометари

Лазаров и Мукаетов создадоа нов клуб за да им дадат шанса на младите ракометари

пред 3 години

Македонскиот селектор и ракометар Кире Лазаров и претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, создадоа нов ракомтен клуб “Алкалоид“, кој ќе има за цел да им даде шанса на младите ракометари.

Претседател на РК Алкалоид ќе биде поранешниот ракометар и член на менаџерскиот тим на „Алкалоид“, Горан Минов, додека партнер во проектот ќе им биде Лазаров, а главен финансиер на проектот е компанијата „Алкалоид“

Целта на овој проект ќе биде да се создаде квалитетна база на млади ракометари, кои во иднина ќе можат да го носат македонскиот национален дрес.

Екипата на РК Алкалоид натпреварите ќе ги игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Share
Scroll to Top