Еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс, призна дека Лука Дончиќ е неговиот омилен играч. Популарниот „крал“ од Лејкерси никогаш не ги криел симпатиите кон ѕвездата на „Далас Маверикс“. Тој призна дека Лука особено го воодушевил на натпреварите од плејофот против „Феникс санс“.
На прашањето на фановите кој е неговиот омилен играч, Џејмс одговорил: „Лука. Тој дефинитивно е мојот омилен играч“.
На почетокот на оваа година Џејмс беше прашан за играчите со кои најмногу би сакал да игра, а тогаш кажа дека тоа се Стеф Кари и Дончиќ.
И додека Џејмс со ЛА Лејкерс остана без плејоф, Лука со Маверикс игра во самата завршница. Во финалето на Западната конференција ќе игра против Голден стејт, а во случај на пласман во големото финале ќе ги одмери силите со Мајами или Бостон, финалистите од Источната конференција.