Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска беше вип-гостин на натпреварот Вардар – Нексе што вчера се играше во Скопје. Во салата „Јане Сандански“ таа се дружеше со селекторот на ракометната репрезентација, Кире Лазаров, а фотката ја објави на социјалните мрежи. Потоа преку инстаграм сторис ги праша и своите следбеници што мислат дали ќе победи Вардар или Нексе ќе бидат подобри.
Натпреварот Вардар – Нексе се играше за влез во Фајнал фор турнирот во СЕХА лигата, а Вардар го загуби на пенали, 32:30. Најефикасен кај македонскиот шампион беше Филип Талески со 11 гола, а Дејан Манасков даде осум.