Лукас Подолски го оствари ветувањето кон баба му, ќе заигра за омилениот клуб од детството

Лукас Подолски го оствари ветувањето кон баба му, ќе заигра за омилениот клуб од детството

пред 3 години

Германскиот фудбалер Лукас Подолски (36) овој викенд конечно ќе заигра за омилениот клуб од детството, Горњик Забже, откако пред седум години стана светски шампион со Германија.

Подолски е роден во полскиот град Гливице и иако со своето семејство се преселил во Германија, тој пораснал навивајќи за Горњик, вториот најуспешен фудбалски клуб во Полска,

Бившиот напаѓач на Келн, Баерн и Арсенал одигра импресивни 130 натпревари и постигна 48 голови за Германија, но никогаш не ги заборавил своите полски корени. Неговата сопруга Моника е Полјачка и тие зборуваат полски со своите деца, а неговите врски со регионот Шлеска се особено силни поради честите посети на баба му Зофија, која исто така е навивач на Горњик.

„Во Полска, ние го сакаме Полди, за разлика од Мирослав Клозе. Двајцата се Полјаци, но Клозе никогаш не сакал да зборува со полските медиуми и не зборува полски“, вели новинарот Марек Вавжиновски.

Непосредно пред да премине во Арсенал од Келн во 2021, Подолски изјави дека редовно ги следи мечевите на Горњик и дека ѝ ветил на баба му дека ќе заигра за него на крајот на кариерата. Тоа конечно се случи ова лето, откако одби неколку богати понуди во корист на Горњик. За жал, неговата баба не го доживеа овој момент, бидејќи таа почина пред две години.

„Тој можеше да заработи шест-седум пати повеќе на некое друго место, но парите не му се важни. Тој сакаше да им се врати на своите корени“, додава Вавжиновски.

Share
Scroll to Top