Маж од Малезија може да се соочи со 20 години казна затвор ако биде прогласен за виновен за силување на коза. Шаари Хасан вчера бил обвинет дека го силувал животното на 27 јули.
Го обвинила сопственичката на козата откако слушнала како испушта чудни звуци. Кога отишла да го провери животното, таа го видела Хасан полугол, пренесува Free Malaysia Today. Хасан одма побегнал од местото, а жената ја нашла козата мртва.
Таа пријавила во полиција, а ветеринарот утврдил дека таа била силувана. Обвинетиот бил вдовец и бил фатен зад куќата во селото Кампун Сунгаи Буаја во Раванг, околу 13:30 часот. Хасан на почетокот се изјаснил за виновен, но, откако му биле презентирани доказите кои му биле земени кога бил уапсен, зелената маица и кафените панталони, тој негирал дека тие се негови.
Судијата Нурул Мардијах Мохамед Реџа, рече дека непризнавањето на доказите го направило неговото признание за вина неприфатливо и кога обвинението повторно му било прочитано, Хасан се изјаснил за невин. Заменик-јавниот обвинител Сити Кадија Амир Хамџах се спротивставил на кауцијата.
Адвокатот на Хасан, Золазраи Золкапли, рече дека ваквиот случај дозволува давање кауција и дека неговиот клиент треба да биде ослободен. Кауцијата била одбиена од судијата, а Хасан ќе се врати во судница на 24 декември.