Македонија вторпат стана светски шампион во „Кантер страјк“

Македонија вторпат стана светски шампион во „Кантер страјк“

пред 2 години

Македонската репрезентација во „Кантер страјк“ ја одбрани титулата и втора година по ред стана светски шампион. Во финалето на првенството што се одржа во Бали, Индонезија, Македонија ја победи Монголија.

„Двократни светски шампиони. Нашата гордост. Извојувавме победа над Монголија со 3:1 во мапи“, напишаа од Македонската еспорт федерација.

Тимот BLUEJAYS е составен на Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски. Тие претхондно ја победија и репрезентацијата на Русија со 2:0.

Целокупниот награден фонд на првенството е 100.000 долари, односно 50.000 долари за прво и 30.000 долари за второ место.

Македонија во моментов е актуелен европски и светски шампион во „Кантер страјк“.

Share
Scroll to Top