Македонија загуби од Словенија на првиот натпревар на Европското првенство

Македонија загуби од Словенија на првиот натпревар на Европското првенство

пред 3 години

Македонската репрезентација загуби 27:25 од Словенија во првиот натпревар од Европското првенство во ракомет. На почетокот македонските ракометари поведоа 3:0, па 4:1, но на крајот загубија со два гола разлика.

Словенија првиот гол го постигна во седмата минута, а потоа направија серија од 6:0. Оттогаш водеа до крајот на натпреварот. На полувреме заминаа со резултат 13:10. Иако на стартот на второто полувреме Македонија намали на 13:11, ракометарите на Словенија направија нова серија од 3:0 и тоа водство го задржаа до крај. Македонските ракометари успеа на неколку пати да се доближат на еден гол разлика, но не го израмнија резултатот.

 

Најефикасен на натпреварот беше Цветан Кузмановски со 8 погодоци. Филип Тлаески постигна 5, Филип Кузмановски 4 гола, а голманот Мартин Томовски имаше 14 одбрани. За играч на мечот беше прогласен словенечкиот голман Јозе Блажник кој имаше 12 одбрани. Кај Словенците најефикасни беа Доленец со 5, Благотиншек со 4 гола, а по 3 дадоа Јанц и Кодрин.

Неколку часа пред почетокот на натпреварот, Ракометната федерација на Македонија соопшти дека капитенот Кире Лазаров се повредил вчера на првиот тренинг и дека нема да може да игра следните три недели. Лазаров на ова првенство ќе биде само селектор на македонската репрезентација.

Следниот натпревар Македонија го игра со Црна Гора во сабота од 18 часот.

Share
Scroll to Top