Македонската гимнастичарка Илина Соколова освои бронза во Германија

Македонската гимнастичарка Илина Соколова освои бронза во Германија

пред 2 години

Сестрите Илина и Ева Соколовски, и понатаму нижат успеси низ Германија во ритмичка гимнастика. Илина (16) во Бундес лигата на стартот на натпреварувањето освои  бронза. Таа екипно викендот настапуваше во Берлин, каде освои високи поени, но за малку им побегна среброто. До крајот на спортската сезона претстојат уште многу натпревари, кога на крајот се собрираат поените и се прогласува победникот.

„Настапив со три точки, топка, чуневи и лента. Благодарејќи на високите поени во соло настапите идниот месец заминувам за Леверкузен, каде ќе имам интернационален настап“, ни рече Илина за Репортер.

Она што е важно, пак, за нејзината помала сестра Ева (12), е што оваа година таа остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес, бидејќи поради годините се уште не е дел од ова најголемо германско натпреварување. Но, поради талентот и наградите што ги има зад себе добила покана да биде дел од Бундес лигата, но само доколку е потребно за замена.

Колку е голема љубовта кон овој спорт покажува и фактот што Илина минатиот месец  присуствуваше на светскиот наптревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Софија, а таму е пресреќна што се запознала со својот идол.

 

„Неочекувано пред мене се создаде олимпискиот победник од Израел Ашрам. Јас се исрадував и јас ја повикав. Таа дојде до мене и се сликавме. Пресреќна сум, бидејќи таа е најдобра во овој спорт, го сонувам нејзиниот успех и  сонот ми се оствари лично да ја запознам, вели Илина. Илина и Ева веќе се еподготвуваат за наредниот месец во Леверкузен, каде ќе се натпревруваат во нивните категории.

Share
Scroll to Top