Македонски и балкански музичари ќе одржат концерт со најголеми хитови на Тоше во Спомен куќата во Крушево

Македонски и балкански музичари ќе одржат концерт со најголеми хитови на Тоше во Спомен куќата во Крушево

пред 2 години

Македонски и балкански музичари на 5 октомври во Спомен куќата Тоше Проески во Крушево ќе одржат концерт на кој ќе ги испеат најголемите хитови на починатиот пејач. Со ова ќе се одбележат 15 години од последниот концерт на Тоше, кој го одржа на Градски стадион во Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Се сеќавате на 5 октомври 2007. Голем концертен спектакл нашиот Тоше приреди на градскиот стадион во Скопје. Незаборавен концерт и за жал последен. На овој 5 октомври се навршуваат 15 тажни и тешки години без Тоше. Но неговата спомен куќа, сите негови фанови и неговите пријатели – музичари, ќе организираме настан во негова чест, ‘Со љубов за Тоше’. Голем број домашни и балкански музички имиња и пријатели на Тоше ќе ги пеат неговите незаборавни, вонвременски хитови, Тајно моја, Сонце во твојте руси коси, Чија си, Игри без граници, Још увек сањам да смо заједно, Иконо моја, Вежи ме за себе, Срце није камен“, напиша на Фејсбук еден од најдобрите пријатели на Тоше, Стерули Штерјоски.

Тој ги повика сите фанови на Тоше на 5 октомври да дојдат во Крушево за уште еднаш заедно да го одбележат денот на кој Проески го одржа последниот концерт.

Share
Scroll to Top