Македонските атлетичари освоија злато и сребро во скок во далечина на Специјалната олимпијада во Берлин

Македонските атлетичари освоија злато и сребро во скок во далечина на Специјалната олимпијада во Берлин

пред 3 години






Македонските атлетичари освоија златен и сребрен медал во скок во далечина од место на Специјалната олимпијада која се одржа во Берлин.

Агрон Хајредини освои златен медал откако скокна во далечина од 1,6 метри, а сега го очекува и настап на трката на 50 метри. Јулијана Петровска беше втора во женска конкуренција. Таа зема среброто со резултат од 0,64 метри, додека шампионката Фарзанех Џамшиднеџад од Иран имаше подобар резултат за само 0,01 метар.

Фото : Фејсбук






Share
Scroll to Top