Македонските евргрини со Каролина, Дуке и Исмаил - уште два концерта пред Божиќ

Македонските евргрини со Каролина, Дуке и Исмаил – уште два концерта пред Божиќ

пред 2 години

Каролина, Дуке и Исмаил вечерва ќе одржат концерт во Националната опера и балет, како продолжение на скопскиот маратон „Песни за љубов и копнеж“.

Концертите се закажани за на 3 -ти и 4-ти јануари.

Авалон продукција концертите во НОБ, ги најави со фотографија чиј дизајн го изработи Ангел Минов за кој како што велат одлично се вклопил во концептот за овој проект.

Инаку Каролина, Дуке и Исмаил одржаа пет концерти во Филхармонија во рок од три дена. Концерти полни со емоции и спомени со македонските евергрини кои враќаат во минатото, во времето кога создавале музика доајените како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица, преку музиката на Дуке и Исмаил и гласот на Каролина.

Цената на билетите за концертот се по цена од 1500 и 1990 денари.

Share
Scroll to Top