Мани кои ги одликуваат интелигентните особи

Мани кои ги одликуваат интелигентните особи

пред 4 години

Многумина мислат дека се интелигентни личности како супер-херои кои можат и знаат сè, но вистината е потполно поинаква.

И интелигените луѓе имаат свои здравствени, љубовни и други „обични“ проблеми, па ако се препознаете во некои од нив, и вие спаѓате меѓу интелигентните.

Ве заморува муабетење

Доколку исклучително ве заморува напразното муабетење, тоа е затоа што вашиот мозок е преплавен со големи и важни идеи. Темите кои ве интересираат воглавно вклучуваат уметност, наука и филозофија, и често се појавуваат се појавуваат додека разговарате со некого.

Вам ви е потребен разговор со слични личности како би можеле да разменувате идеи за важни работи.

Повеќе размислувате отколку што пишувате

Вашиот мозок е „вмрежан“ да ги бара сите можни решенија за одреден проблем, па можеби ви е потребно повеќе време отколку на „обичната“ личност да го дадете своето мислење или да дојдете до заклучок. Доколку не сте сигурни дали го имате вистинскиот одговор или брилијантната идејам, веројатно воопшто нема да говорите.

Најголем проблем ви претставува фактот дека луѓето околу вас не се запознаени со начинот на кои вашите мисли функционираат и често се збунуваат и мислат дека сте чудни, незаинтересирани или интровертни.

Работата ви здосадува

Потребата вашиот мозок постојано да биде соочен со предизвици и нови идеи може работата да ја претвори во вистинска досада кога ќе ја исцрпите целата креативност од него. Притоа, вашиот шеф може да биде полн со неразбирања за сите идеи кои ги имате затоа што само сака работата да биде извршена.

Понекогаш се парализирате кога е потребно да реагирате

Тешко е да се биде мислител во свет во кој сите само грабаат и ја ценат акцијата повеќе од сјајните идеи. Поради тоа што сте постојано обземени од новите идеи, може да ви се случи да ви изостане тој акционен импулс. За жал, луѓето тоа можат да го помешаат со леност.

Луѓето мислат дека сте друштвено неприлагодени

Доколку не ви лежи муабетењетом често молчите или не ве инспирираат преџваканите идеи, луѓето имаат тенденција да мислат дека друштвено сте неприлагодени.

Тешко ви е да се заљубите

Вашата потрага за љубов е малку отежната бидејќи сте повнимателни, поаналитични и понезависни од другите. Поради тоа што ви недостига спонтаност, вашите симпатии можат брзо да изгубат заинтересираност.

Share
Scroll to Top