Во Кинотека на Македонија од утре започнува филмската програма на која се најдоа и три македонски филмови. „Снежана на крајот умира“ ќе биде прикажан на 4 и 5 јануари од 18 часот. Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев.
„Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 4, 5, 9, 10 и 11 јануари во термините од 20 часот. Филмот на Манчевски е копродукција помеѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска. Улогите ги толкуваат: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска, Филип Трајковиќ.
Од 9 до 11 јануари, од 17 часот, на реперотарот на Кинотеката ќе биде последниот филм на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ – „Од рајот“ (Небеса). Филмот е копродукција помеѓу: Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Македонија. Играат: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ.