Марија Шерифовиќ рече дека песните на Ѓорѓе Балашевиќ не ги пуштаат во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ затоа што тоа од нив го побарала неговата сопруга Оливера.
„Ни се јави и поради некоја причина побара снимките на кои се пејат неговите песни да се избришат. Прво Ѓорѓе имаше проблеми, а и мене ми се случи кога Махир пееше негова песна. Јас немав контакт со неа, но го почитував барањето, иако не ја знаев причината“, рече Шерифовиќ.
Иако голем број обожаватели на Балашевиќ сакаат да ги слушнат неговите хитови во шоуто, сепак организаторите на крајот се одлучиле да ја почитуваат желбата на Оливера.