Масимо Савиќ во февруари требаше да одржи концерт во Скопје: Мојот пријател не може да умре, вели Бобан Авалон

Масимо Савиќ во февруари требаше да одржи концерт во Скопје: Мојот пријател не може да умре, вели Бобан Авалон

пред 2 години

Хрватскиот музичар Масимо Савиќ кој почина денес на 60 години, требаше да одржи концерт на 24 февруари во Македонската филхармонија. Савиќ требаше да го претстави проектот „Вјештина бутик“, кој тербаше да биде одржан 18 години од неговиот први антологиски алум, „Вјештина“.

Од него се прости Бобан Милошевски од „Авалон“ кој требаше да биде организатор на концертот.

„Мојот пријател Масимо не може да умре. Тој само замина да шири добрина и да пее и моќно и од срце. Како само тој може на некое друго место. Овде даде премногу од себе засекогаш“, рече Бобан.

Албумот претставува музичка и артистичка преродба и се смета за еден од најреволуционерните регионални албуми на 21. век. Го издаде во 2004 година и има добиено и златен тираж.

Aлбумите „Вјештина 1“ и „Вјештина 2“ од 2006 година се колекции на преработки на љубовните песни, како „Бацила је све низ рјеку”, „Све че то мила моја прекрити рузмарин, сњегови и шаш“, „Стине“, „Либар“ и многу други.

Масимо ја прослави 15-годишнината од проектот „Вјештина“ во 2019 година со турнеја низ Хрватска и Србија, а концертот во Скопје требаше требаше да биде единствениот во неговата турнеја што требаше да се одржи наредната година во организација на „Авалон“.

За потсетување, Савиќ почина денес во Загреб на 60 години од рак на белите дробови.

 

Share
Scroll to Top