Мафини со суво грозје и прелив од лимон

Мафини со суво грозје и прелив од лимон

пред 4 години

Сочни, здрави и лесни мафини кои прелеани со глазура од лимон, потсетуваат на нашиот традиционален колач со лимон.

Состојки:

  • 100 гр путер  
  • 170 гр шеќер 
  • 2 јајца  
  • 260 гр меко брашно
  • 30 гр трици од овес
  • 1/2 вреќа прашок за печиво
  • прстофат сол 
  • 60 мл сок од лимон
  • 250 мл млеко
  • 3 лажици суво грозје

Глазура од лимон: 

  • 70 гр шеќер во прав 
  • 5 лажици сок од лимон 
  • неколку капки масло

Подготовка:

Со миксер добро се матат путерот и шеќерот, па се додаваат јајцата. Полека се додаваат и другите состојки, по редоследот наведен во рецептот, и се мати смесата со миксер. Се ставаат хартиените корпи во калапи за мафини, и се истура од смесата скоро до врвот. Се пече ги во рерна загреана на 170 степени 20 минути. Испечените и малку изладени мафини се преливаат со глазура од лимон.

Share
Scroll to Top