Според најновите истражувања спроведени на Универзитетот „Јејл“, Мачу Пикчу, древниот град на Инките, е основан најмалку две децении порано отколку што се мислеше.
Ова го откри тимот предводен од археологот Ричард Бургер и истражувачи од неколку други американски институции, кои ги објавија резултатите во академското списание „Антика“. Во соопштението до јавноста се вели дека градот е основан помеѓу 1420-1530 година.
„Досегашите процени за староста на Мачу Пикчу беа основани врз основа на контрадикторни историски извештаи напишани од Шпанците во периодот по шпанското освојување. Ова е прво истражување засновано на научни докази, кое дава процена за основањето на Мачу Пикчу и траењето на неговата окупација давајќи ни појасна слика за потеклото и за историјата на локацијата“, објасни Бургер.
Врз основа на историски документи научниците претходно веруваа дека Мачу Пикчу е подигнат меѓу 1440 и 1450 година.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Инцидент на изборот за песна на Евровизија во Србија: тимот на еден од учесниците исфрлен од бекстејџот
(Видео) Елмас му даде гол на Јувентус, па седна на терен да игра карти со ДиЛоренцo
Војин Ќетковиќ на 50 згоден ко да има 25
На Крис Рок шлаканицата му донесе два милиони долари
НАСА планира судир со астероид
Полната Месечина во Јарец носи исполнување на сите наши соништа
