Меган Маркл нема да присуства на крунисувањето на Кралот Чарлс, кое ќе се случи на 6 мај, затоа што била фрустрирана што нејизините деца не биле заведени во делот од кралскиот протокол. Ова бил одговорот на кралот на нејзиното писмо кое го испратила по интервјуто кај Опра, пренесе „Дејли Мејл“.
Како што пренесоа британските медиуми во писмото се споменува разговорот на Чарлс во кој тој ја споменува бојата на кожата на нејзиното бебе уште додека била бремена. Но, Меган рече дека писмото не го напишала во негативен контект и дека не го смета Чарлс за расист.
Од Бакингемската палата објаснија дека Меган нема да присуствува затоа што била фрустрирана што нејзините деца не се споменати во планираниот протоколот, а извор близок до кралот објасни дека постои напнатост меѓу Хари и Меган од една страна и Чарлс и кралското семејство од друга, веќе подолго време.