Меколи Калкин стана татко, бебето доби име по починатата сестра на актерот

Меколи Калкин стана татко, бебето доби име по починатата сестра на актерот

пред 3 години

Актерот Меколи Калкин и неговата девојка, глимицата Бренда Сонг, станаа родители. Тие на 5 април добија син, кој ќе се вика Дакота, по починатата сестра на Калкин. Ова е прво дете на двојката која е во врска од 2017 година.

39-годишниот Калкин и Бренда во јавноста не открија дека чекаат бебе, но глумецот во едно интервју зборувше дека има желба да основа семејство.

„Многу работиме на тоа. Ништо не го пали мажот повеќе од жената која ќе влезе во собата и вика: ‘Мил, јас овулирам“, рече Меколи на шега лани во февруари.

Пред врската со Бренда, Калкин беше во врска со Мила Кунис скоро 9 години. Тие раскинаа во јануари 2011 година.

Share
Scroll to Top