Ми беше тешко да ги прифатам белите дамки, но научив да го сакам моето тело , каратистката Пуликсенија Јованоска проговори за болеста витилиго

Ми беше тешко да ги прифатам белите дамки, но научив да го сакам моето тело , каратистката Пуликсенија Јованоска проговори за болеста витилиго

пред 3 години

Македонска каратистка Пуликсенија Јованоска (28) една од  најдобрите и во светот, е на одмор во Охрид.

Таа објави фотографија на Инстаграм во бикини на која покажа дека има проблеми со депигментација на кожата, позната и како витилиго.

„Привилегија е да се биде различен. Ми беше тешко да прифатам, но сега го сакам своето тело”, открива Јованоска.

„Ти си прекрасна“, „Ние со витилиго сме посебни“, ѝ коментираа фановите и пријателите.

Прилепчанкага Јованоска го освои деветото место во кати на дебитантскиот настап на карате спортот на Олмписките игри во Токио. Таа е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри.

Витилигото е кожно заболување што го напаѓа пигментот на кожата и се изразува со бели дамки на кожата. Понекогаш дамките се распоредени симетрично, така што некои луѓе имаат речиси еднакви дамки и на левиот и на десниот показалец. Околу 1% од вкупната популација страда од овој кожен проблем.

Витилигото само по себе не е опасно за здравјето, иако понекогаш може да биде поврзано со болестите на штитната жлезда.

Најпозната личност која се соочила со овој проблем е легендарниот поп-пејач Мајкл Џексон. Но, тој никогаш не проговори јавно за тоа. Многумина сметаат дека тоа е причината зошто тој целосно се избели.

Share
Scroll to Top