Поранешната жена на Др Дре, Никол Јанг, поднесе тужба во која го обвинува раперот за долгогодишно емоционално и физичко малтретирање. Во тужбата таа наведува дека 55-годишниот милионер ѝ ставил пиштол на главата, ја удирал и ја мавал во ѕидот, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на судски документи до кои добил пристап. Таа тужбата ја поднела неколку дена пред познатиот музичар, чие вистинско име е Андре Јанг, да биде пренесен во болница со аневризма на мозокот.
Никол, која се бори на суд за својот дел од огромното богатство на раперот, ги поднесе овие обвинувања како одговор на неговата изјава дека не ја малтретирал во ниту еден момент во текот на 24 години брак“. Таа вели дека тоа што го кажал Де Дре се лаги.
„Тој неуморно ме малтретира и ме контролира повеќе од половина од мојот живот и навредливо е што се обидува да докаже дека тоа не е вистина“, вели таа.
Никол го обвини својот поранешен сопруг и за нескротливо однесување во бракот и именува три негови наводни љубовници, а бара тие да бидат сведоци во случајот против него и побара да се провери дали тој има вонбрачно дете со некоја од нив.