Мила Кунис и Ештон Качер обезбедија 30 милиони долари помош за Украина

Мила Кунис и Ештон Качер обезбедија 30 милиони долари помош за Украина

пред 3 години

Мила Кунис и Ештон Качер собраа  30 милиони долари помош за Украина само две недели по почнувањето на кампањата, односно програмата за помош на Украинците што бегаат од својата земја разурната од војната.

Двојката ја сподели веста на „Инстаграм“ во четвртокот.

Кога ја отворија страницата GoFundMe на 3 март, Мила и Ештон првично ветија дека ќе соберат околу 3 милиони долари во донации, со цел да се обезбеди непосредна хуманитарна помош за украинските бегалци.

 „Само сакаме да кажеме дека ја постигнавме нашата цел“, вели Мила во клипот пред Ештон да додаде: „Собрани над 30 милиони долари“.

Мила, која е родена во Черновци, Украина, продолжи: „Над 65.000 од вас донирале. Ние сме преплавени со благодарност за поддршката и иако ова е далеку од решавање на проблемот, нашиот колективен напор ќе обезбеди помош за толку многу луѓе додека се движат во својата иднина на неизвесност“.

Share
Scroll to Top