Мими и Нуне добија син, бебето Никола го израдува семејството

Мими и Нуне добија син, бебето Никола го израдува семејството

пред 1 година

Мими Нуне ѕвездата на „Гранд“ роди син. Филип и Мими првпат станаа родители на Никола.
Пејачката се породи во приватна клиника. Породувањето помина во најдобар ред, а мајката и бебето се чуствуваат добро. Мими за Репортер во седмиот месец од бременоста ни раскажа дека е возбудена што ќе стане мајка.

“Од кога дознав до овој момент поминаа 30 недели и ја носам радоста наша. Му благодариме на Бога сите овие недели поминаа во најдобар ред и ни остана уште малку време до запознавањето со нашиот син. Работно бев активна на сцена до пред една недела. Сега доаѓа период каде што ќе одморам малку и ќе соберам сила за новиот начин на живот што следи“, ни откри Мими Нуне во разговор за „Репортер“.

Мими и Филип Нуневски лани летото правеа свадба за која наголемо се зборуваше оти не само што беше весела туку и невестата пееше, а младоженецот свиреше. Јавноста ја запозна Мими како ѕвезда на „Гранд“, а Филип како трубач на познатиот бенд „Нуне брадрас“.

Во интревју за „Репортер“ тие ни отрија дека свадбената веселба за нив била посебен момент, особено првата свадбена песна која тие ја отпеаја.

„Тоа беше посебен момент. Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“, ни рекоа Мими и Филип. Пред да се земат тие заедно живее две години.

(А.Г.)

Share
Scroll to Top