Мира Шкориќ би можела да ја замени Ана Бекута во жирито во „Ѕвездите на Гранд“, пренесоа српслките медиуми. Откако Ана Бекута рече дека ќе се повлече од јавниот живот, Саша Поповиќ, директорот на Гранд дошол до идеја на нејзино место ја стави Шкориќ.
Таа долго време работела со кандидатите и е идеална за ова место. Често се кара со Цеца иако во минатото биле добри другарки, открива извор близок до Поповиќ.
„Мира Шкориќ работеше со кандидатите и ги подготвуваше за натпреварот. Саша сака таа да ја замени Бекута, бидејќи смета дека би била одлична за шоуто. Цеца Ражнатовиќ и Мира не разговараат, па верува дека емисијата би била многу повозбудлива и подинамична и дека би ги привлекла гледачите да ги гледаат нивните пресмерки “, рече изворот.