Модел на чанта на Луј Витон е продаден на аукција за 44.100 долари

Модел на чанта на Луј Витон е продаден на аукција за 44.100 долари

пред 9 месеци

Светот на модата знае да ги шокира луѓето и да ги остави во неверување. Но, сега се случи преседан и многу луѓе останаа со отворена уста на оваа вест – односно дека еден модел на чанта на Луј Витон е продаден на аукција за 44.100 долари. Станува збор за најскапата чанта продадена од овој бренд досега, а моделот е многу необичен.

Познато е дека Луј Витон е статусен симбол и моден бренд кој се продава по високи цени, но оваа сума ги изненади дури и претставниците на компанијата. Исто така, иако на почетокот би помислиле дека се работи за некое античко парче или уникатен моден дизајн обложен со ретки дијаманти, напротив. Во овој случај, и двете овие претпоставки би биле погрешни, бидејќи дизајнерската чанта продадена за највисока сума е во форма на жолта тиква, пишуваат странските модни списанија.

Станува збор за кратка продукциска серија, изработена од црна и жолта кожа, а направена во соработка со јапонскиот уметник и легенда Јајои Касума (94), чија љубов кон точките создаде свет на инспирација и за модниот и за уметничкиот свет.

Шефот на продажбата, Пејџ Рубин, изјави дека чантата „исто така ги погодила верните колекционери на уметнички дела на Кристи“ и затоа доживеала таков успех, а аукциската куќа постигнала неверојатен резултат со „Касума тиквата“.

Инаку, чантата која беше продадена на аукција за четирикратно ја зголеми почетната цена, поставувајќи нов светски рекорд не само за моделот туку и за секоја чанта на Луј Витон.

Share
Scroll to Top