Модни трендови за оваа есен

Модни трендови за оваа есен

пред 5 години

Иако сите се обидуваме максимално да ги искористиме последните денови од летото, реалноста е дека набргу доаѓа есен, дури и побргу отколку што многумина посакуваа.

Во текот на летото трендовите главно се фокусираа на светли бои, удобност и љубов кон себе. Но, кога станува збор за есента, добиваме похрабри и посмели парчиња. Еве за што станува збор.

Модни трендови за есен 2021 година

Комбинација на некомпатибилни

Дали ви е жал што се откажавте од вашите омилени удобни џемпери? Не очајувајте. Оваа есен ќе можете да го носите вашиот омилен џемпер под фустанот. Удобност и необичност во едно.

Мегаплетка

Плетените алишта никогаш не излегле од мода, а оваа сезона се преголемите парчиња. Од џемпери, ролки, до фустани, сè што е плетено и сè што е мега.

Еднобојно

Светли бои се погодни и за есен, но наместо да ги комбинираме, оваа сезона ќе ги носиме заедно во комплет.

Со дупки

Можеме повторно да ги ставиме во употреба сите оние искинати парчиња што ги носевме претходните две сезони.

Зелено како жабата Кермит

Тоа е најпопуларната боја за оваа есен, а покрај облеката, пожелни се и додатоци во иста боја.

Лого-манија

Дизајните со логоа се целосен хит оваа есен. Од чанти, фустани до појаси и чизми, сè е покриено со логоа.

Воздушести јакни

Јакните, особено оние воздушестите и преголеми, мора да ги имате оваа есен.

Микромини здолништа

Мини здолништето е секогаш во мода, а оваа есен е малку помало, удобно и посмело.

Цветен дезен на палта, јакни, сакоа

Цветниот дeзен никогаш не е старомоден и оваа сезона не се носи само на фустани и блузи, туку и на палта, јакни, сакоа…

Кафеави нијанси

Од чоколадни, преку потопли, поладни и црвеникави нијанси, кафеавата боја е апсолутно најпосакуваниот тренд за оваа есен.

Share
Scroll to Top