Момче во Турција цел ден чува кози, се крие под сенките за да учи и имал најдобар резултат за упис во средно

Момче во Турција цел ден чува кози, се крие под сенките за да учи и имал најдобар резултат за упис во средно

пред 1 година

Мухамет Халил Јазар (14) живее со семејството на висорамнината Акдаг, во близина на турскиот град Елазиг. Тој секојдневно чува кози, но не се откажува од школувањето. Турските медиуми нголемо  пишуваат за вредниот тинејџер кој освоил 494 поени на приемниот испит за средно училиште, и постигнал втор најдобар резултат во државата.

Мухамет во текот на зимата му помага на својот татко во месарницата, а летно време е овчар на надморска височина од 2500 метри. Но, ова момче не чува само кози туку и се занимава со производство на сирење, а во меѓувреме учи и се подготвува за понатамошно школување.

Сега постигнал голем успех, а само една грешка го оддалечила од најдобриот резултат на приемниот испит во Турција.

Мухамет сака да го продолжи своето школување и да биде подеднакво успешен и на факултет. Неговата најголема желба е да стане хирург, пренесува „Milliyet“.

„Животот на ридот е тежок. Сепак, ние ја работиме оваа работа и уживаме во неа. Имаме крави и кози. Тајната на мојот успех е моето семејство. Освен тоа, немам телефон и не гледам телевизија. И наставниците се грижеа за мене, особено затоа што ми ги купија книгите што ми требаа“, вели тој.

Тинејџерот објаснил и како успеал да работи и да учи за приемен испит:

„Кога ги изнесувам козите на пасење, се сокривам некаде под сенка и читам книги. Вечерта ги молзиме кравите, а потоа пак читам, па одам на спиење. Аплицирав во осум средни училишта, а тие се наоѓаат во Истанбул, Елазиг и Анкара“.

 

 

Неговиот татко Јуцел вели дека многу е горд:

„Живееме во ограничени услови и приходи. Мухамет некогаш ја работеше мојата работа, а понекогаш како овчар. Школувањето го стекна во планините, во овие услови“.

Колку момчето било упорно и фокусирано на учењето говори приказната на директорот на тамошното училиште, Адил Илдрим.

„Кога го зеде таблетот во раце, не сакаше да игра игри. Другите го правеа тоа, но тој од таму бараше книги. Дури нѝ даде идеи за тоа кое четиво треба да го набавиме. Инаку, многу му се допаѓа висорамнината и животните. Можеби уште една тајна на неговиот успех е чистиот воздух и храната што ја добива“, вели директорот.

Share
Scroll to Top