Моника Белучи и ќерка ѝ Дева првпат заедно на насловна страница во фотосесија за италијанскиот „Вог“

Моника Белучи и ќерка ѝ Дева првпат заедно на насловна страница во фотосесија за италијанскиот „Вог“

пред 3 години

Актерка Моника Белучи и нејзината 16-годишна ќерка Дева Касел се на насловна страница на италијанското издание на „Вог“. Облечени во исти црни фустани на „Долче и Габана“ тие позираа пред објективот на Паоло Роверси.

Ова е првпат заедно да се фотографираат за магазин, што изненади многумина, особено имајќи ги предвид претходните изјави на Моника дека не сака да го попречува професионалниот пат на ќерка си на ниту еден начин.

Но, како што изјавува за познатиот магазин, желбата била на Дева.

Моника Белучи и ќерка ѝ Дева го красат новиот број на италијанскиот „Вог“
„Кога ја прашав зошто го сака ова снимање, таа ми даде прекрасен одговор: ‘Затоа што последен пат кога нè фотографираа заедно јас бев во твојот стомак’”, алудирајќи на фотосесијата што ја направи Моника во седмиот месец од бременоста со Дева.

Јулскиот број на „Вог Италија“ е посветен токму на врсниците на Дева, на нивните желби, размислувања, како да им пристапиме и уште поважно – како да ги сфатиме.

„Таа отсекогаш беше таква, слободна. Не се плашеше од ништо“, вели Моника за својата ќерка во интервјуто за магазинот.

Дева веќе извесно време е дел од светот на модата, а нејзините први и најчести ангажмани се со  „Долче и Габана“.

 

Share
Scroll to Top