Мустафа Сандал со хелихоптер ќе ја носи на меден месец 19 години помладата сопруга

Мустафа Сандал со хелихоптер ќе ја носи на меден месец 19 години помладата сопруга

пред 4 години

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, турската ѕвезда Мустафа Сандал за неколку дена ќе се жени по втор пат со својата партнерка Мелис Сутсуруп.

dobivaj vesti na viber

Тој и неговата 19 години помлада избраничка прво ќе се венчаат во Рим на 3 јуни, а прославата ќе се одржи од 10 до 12 јуни во луксузен хотел во Мармарис, за што ќе издвои околу 200.000 евра. Како што пишуваат турските медиуми, Мустафа неодамна зел часови по летање за да ужива од височина за време на медениот месец со својата избраничка. Нивниот план е да посетат егзотични дестинации и да летаат со хеликоптер.

Сандал има пилотска дозвола, но не возел 12 години, поради страв. Според турските медиуми, пејачот пред неколку години го продал својот приватен авион.

Мустафа и Мелис ќе направат свадба за околу 80 гости, а младенците за сите организирале сместување, но и авионски превоз. Прво ќе имаат „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот на 10 јуни, следниот ден ќе прават свадба во градината на истиот, а потоа со гостите ќе се симнат на плажа, каде што ќе биде забавата. Свадбата ќе заврши со ручек следното утро, стои во поканата.

Share
Scroll to Top