Откако вчера рече дека нема доверба во тимот што ги води преговорите со Софија и се прости од владината функција, денес вицепремиерот Никола Димитров, расположен се пофали дека му паднала паричката за Василица. Објави и слика од трпезата и напиша: Ми падна паричето! Мислете му ја!

За потсетување, вчера Димитров кажа дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи велејќи : Во однос на ова прашање има едно чувство дека таму има еден „драјв“ за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. За мандатарот Димитар Ковачевски, Димитров оцени дека не се разбира во надворешна политика, па му го понудил амбасадорското место во Вашингтон и тврди дека тоа е потег за да го „тргнат на страна“, иако тој смета дека местото му е во Македонија.





