Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ во четвртфинален дуел кој заврши кој траше четири часа , за заврши 75 минути по полноќ. Надал на Ролан Гарос славеше со 6:2, 4:6, 6:2, 7:6 , а неговиот следен противник е Александер Зверев.
„Да се победи Новак овдека има само еден начин: да играш најдобро од првиот до последниот поен. Ова беше една од оние магични ноќи за мене“, рече Надал.
„Надал покажа зошто е голем шампион. Нема сомнеж дека ја заслужи победата, беше подобриот играч во важните моменти“, кажа Ѓоковиќ по напреварот.
Надал ќе наполни 36 години оваа недела, а пред само три дена одигра пет сета против Феликс Ожер-Алијасим. Поради повреди на реброто, тој па пропушти два месеца од сезоната откако го освои Автсралија Опен во јануари.
Фото : AFP