(Фото) Наташа Беквалац се здебели 13 килограми за еден месец, откако ги откажа цигарите

Наташа Беквалац си ја отвори душата: „Седум години сум сама“

пред 20 часа

По една од најинтензивните години во нејзиниот живот, Наташа Беквалац во големото интервју за „Курир“ без задршка зборува за успесите, болките, стравовите и личните победи што ја обликувале како жена и мајка.

По цели десет години, Наташа објави нов албум, кој брзо ја разбранува музичката сцена. Таа признава дека воопшто не размислувала комерцијално.

„Успеав да не калкулирам и да не мислам на крајната цел, туку навистина сите заедно да создадеме уметност – не само музика, туку и слика. Јас сум Вага, а на Вагите им е важна и сликата, не само тонот“, вели пејачката.

Голема животна промена за неа била заминувањето на ќерката Хана на студии во Шпанија. Иако разделбата тешко ѝ паднала, вели дека не сакала да ја сопре.

„Тешко ми е, но не сакав да ја кочам во остварувањето на нејзините соништа. Таа сака нејзиниот живот да биде во нејзини раце и јас тоа го почитувам“, раскажа пејачката.

Мирот го наоѓа на семејниот салаш во Ченеј, место со кое е длабоко емотивно поврзана.

„Овој имот ми дава мир. Тука ги одгледав моите деца, тука се чувствуваме слободно и свои“, вели таа, додавајќи дека сака нејзините деца да имаат детство какво што денес ретко се гледа.

Share
Scroll to Top