post-image

Научници од Њујорк тврдат дека ја решиле мистеријата со статуите на Велигденските острови

пред 2 години

Група научници од Универзитетот Бингхемтон од Њујорк, сметаат дека успеале да ја решат една од најголемите мистерии со статуите на Велигденските острови, која ги измачувала голем број историчари низ вековите.

Велигденскиот Остров е Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најугоисточната точка на Полинезискиот Триаголник.

Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи створени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.

Досега никој не успеал да ја одгатне тајната за распоредот на статуите кои биле поставени на Велигденските острови. Истражувачите од Њујорк ги анализирале локациите на овие мегалитски платформи и откриле дека тие се наоѓаат во близина на извори на свежа вода и дека се неправилно распоредени низ брегот.

„Нивната локација не претставува чудно ритуално место, но секако било симболично за овој народ. Биле составен дел од животот на заедницата“, изјавил професорот Карл Липо од Универзитетот во Њујорк.

На Велигденските острови има повеќе од 300 статуи, а секоја од нив била направена од посебна заедница. Се верува дека првите статуи биле поставени во 13 век. Се верувало дека спомениците ги претставуваат нивните предци, но кога се разгледала нивната локација и начин на кој се поставени, никогаш не се дошло до точниот одговор.

На крајот научниците од Њујорк дошле до заклучок дека спомениците сигурно морале да бидат поврзани со извесни природни ресурси. Липо се заинтересирал за оваа теорија, па неговиот тим почнал да истражува од каде народот Рапа Нуи се снабдувал со вода. Островот нема свои постојани извори, но водата минувала низ пештерите.

„Забележавме дека за време на плимата, на поедини делови од островот се појавиле извори со свежа вода. Забележавме дека коњите пијат од океанот. Тогаш солената вода се повлекува, а избива на површина плитката вода. Секој пат кога ќе забележавме свежа вода, ќе ги видевме статуите. Кога ќе пронајдевме свежа вода, ќе пронајдевме и моаи. Свежата вода би се задржувала во кратерите на островот формирајќи езера“, објаснува Липо.

Главите биле поставени на места каде била достапна плитката вода. Сепак, групата на Липо и понатаму нема одговор на прашањето зошто статутите се разликуваат по својата големина.

Има статуи кои достигнуваат и до висина од 9 метри, а се обработени со вулканска пепел. Се претпоставува дека ваквата одлика била за да жителите можат да ја покажат својата надмоќ над доселениците.

„Сè што ве обединува, ве прави посилен и тоа ви овозможува да преживеете. Мислам дека тоа била тајната на Велигденските острови“, изјавил Липо.

Рапа Нуи цивилизацијата, се распаднала по пристигнувањето на Европјаните. Се верува дека болестите исто така одиграле голема улога во нинвното изумирање со експлоатацијата на робови во 1860 година.

Share
Scroll to Top