Најбизарни причини поради кои луѓето се разведуваат

Најбизарни причини поради кои луѓето се разведуваат

пред 3 години

Причините за развод може да бидат ситници, како дневни навики што ве нервираат кај брачниот партнер, но и големи проблеми, како сознанието дека партнерот има дете за кое не сте знаеле.

Екипата на „Базфид“ ги запрашала бракоразводните адвокати меѓу своите читатели да ги споделат најбизарните причини поради кои паровите се разведуваат. Во коментирањето се вклучија и читатели што знаат за некои случаи со повеќе од необични причини за развод. Некои од нив ќе ве остават без зброови.

1. „Тип се разведе од сопругата затоа што секое утро го прашувала какво кафе пие, и така седум години“.

2. „Познавав пар што се раздели откога сопругата го затекла сопругот како мачка фекалии од нивното бебе по целото свое тело“.

3. „Еден клиент ја остави сопругата затоа што ја побарал за жена еден од оние турски принцови од онлајн-измами. Таа паднала на тоа, сакала да му земе огромна сума пари, па се пресели во Турција и се омажи за него“.

4. „Една од моите колешки од работа се разведуваше седум пати. Еднаш го остави сопругот затоа што бил презгоден, па поради тоа не можела да му верува дека ќе ѝ останел верен. Од вториот се разведе затоа што ѝ носел погрешен вид хот-дог наместо оној за кој го испратила“.

5. „Тип сакаше да се разведе од сопругата затоа што секогаш оставала дамки од фекалии во тоалетната школка“.

6. „Сестрата на мојата другарка е вегетаријанка. Еднаш сопругот ѝ подметнал месо и риба наместо вегетаријанската замена за таа храна. Кога дозна, се разведе од него“.

7. „Пријателка го остави сопругот затоа што во неговиот мобилен нашла пораки во кои ги наведувал нејзините кучиња во разговор со своите пријатели“.

8. „Мајка ми ми кажа дека капката што ја прелеала чашата во нејзиниот брак со татко ми била кога дознала дека тој троши по сто евра неделно во ‘Старбакс’“.

9. „Маж сакал развод затоа што сопругата му го бришела задникот по голема нужда на нивниот здрав син тинејџер“.

10. „Го остави кога дозна дека има дете за кое никогаш не ѝ кажал“.

Share
Scroll to Top