Ако нешто пандемијата ни докажа во текот на минатата година, тоа е дена ни времето ни парите не се изговор за тоа што не вежбаме. Искористете го вишокот слободно време и почнете да вежбате уште денес.
За да не губите време во барање на вистинските апликации, ние го сторивме тоа наместо вас и ви ги претставуваме петте најдобри фитнес апликации. Вам ви останува само да направите малку простор во својата соба и да одвоите половина час дневно.
Од мирни медитации, преку истекнување и затегнување, па сè до најјаките ХИТ тренинзи – изборот е ваш.
1. Alo Moves
Оваа апликација претставува продолжеток на популарниот бренд за спортска облека кој нуди илјадници предавања за умот, телото и душата и истите нудат професионално искуство и дома. Со четири категории – јога, фитнес, фокус и вештини, како и осум различни инструктори, оваа апликација е совршено прилагодена на вашите потреби и животен стил.
2. Nike + Run Club
Убавото време е овде, а стазата или паркот сигурно не се многу оддалечени од вас – тогаш зошто сè уште не сте почнале да трчате? Со оглед на тоа дека трчањето е вештина, почнете со ситни чекори со оваа апликација која ќе ви биде извор на инспирација, насоки и иновации.
Nike + Run Club ги прилагодува плановите за тренинзи од 5 км, 10 км и 15 км, полумаратони и маратони, врз основа на вашето темпо и најголемата оддалеченост која можете да ја истрчате (нуди и ГПС следење). На тој начин ќе ве мотивира секогаш да го надминувате својот личен рекорд. Тука се и тренерите, спортистите и забавувачите кои ќе ви помогнат трчањето да ви стане полесно и побрзо.
3. Obé
Ако забавниот и разиграниот концепт не е доволен да ве привлече, понудата на апликацијата со над 20 часови за тренинг дневно сигурно ќе ви привлече внимание. На посебно барање можете да пристапите и до дополнителни 5000 часови, поради што нема да ви недостига сила, јога и кардио тренинзи. Апликацијата има и оддел за деца, па повикајте ги малите да ви се придружат на забавата.
4. All Out Studio
Оваа апликација содржи преку 100 видео записи со вежби на барање на кое можете да ги стримувате во било кое време. Без разлика на тоа дали сакате да работите на вашата издржливост, да играте со кардио часови или да уживате во минијатурните тренинзи со јога – сè е вие е достапно во часовите организирани од 10 до 60 минути.
5. Calm
Со класични тренинзи го вежбаме телото, а со медитација умот, што е подеднакво, ако не и уште поважно. Поради тоа симнете ја оваа апликација за деновите кога ви е потребно да ги наполните батериите, да го смирите умот и да си дојдете при себе. Не само што ве очекуваат прекрасни медитации, туку има и вежби за нежно истегнување и квалитетен сон.