На 2 јули, денот кога Влатко Илиевски требаше да го прослави својот 37-ми роденден, ќе биде објавен најновиот албум со досега необјавени песни од пејачот. Промоцијата ќе се случи на пладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк.
За потсетување, популарниот македонски пејач и глумец Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година. Од 7 март 2020 година неговиот јутјуб-канал, за кој се грижи младиот Марко Шипка, постојано се дополнува, а освен неговите најголеми хитови, поставени се и четирите солистички концерти на Влатко во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во МОБ и два што се одржаа во Универзалната сала, плус настапите со групата „Морал“, каде почна да пее на 17 години.
Тука е и неговиот последниот настап во живо настап, кој го имаше со момците од бендот, на промоцијата на новиот албум „Кофеин блуз“.